На претпријатијата да им се даде рок од три од шест месеци во кој не би го пријавувале работникот за да видат дали тој ги исполнува условите за работата што треба да ја врши. Ова вчера од Владата го побара директорот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Блерим Златку. Оваа комора вчера имаше средба со министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами. На бизнисменот треба да му се даде рок од три до шест месеци, во зависност од тежината на работата, за да се увери дали тој работник ги исполнува или не ги исполнува условите за да биде вработен. Токму тука е нашиот предолг. Мерките што сега се преземаат се рестриктивни, па место да се зголемуваат фирмите, се прави спротивното.
На претпријатијата да им се даде рок од три од шест месеци во кој не би го пријавувале работникот за да видат дали тој ги исполнува условите за работата што треба да ја врши.
Ова вчера од Владата го побара директорот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Блерим Златку. Оваа комора вчера имаше средба со министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами.
„На бизнисменот треба да му се даде рок од три до шест месеци, во зависност од тежината на работата, за да се увери дали тој работник ги исполнува или не ги исполнува условите за да биде вработен. Токму тука е нашиот предолг.
Мерките што сега се преземаат се рестриктивни, па место да се зголемуваат фирмите, се прави спротивното“, вели Златку. Тој додава дека на едно претпријатие повеќе би му се исплатувало да стави катанец и да затвори, отколку да биде казнето од инспекторатот за труд за непријавување на работници, бидејќи казните се движеле до 15.000 евра за правните лица и до 7.000 евра за работникот.